Договорот меѓу претседателите на Америка и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин за испорака на руско дизел гориво за американските пазари се соочува со големи пречки. Два од трите танкери кои го превезуваа рускиот дизел го сменија курсот и се откажаа од првично најавеното патување кон САД, објави Фајненшал тајмс.

Првиот танкер „Талисман“ кој требаше да плови до атлантскиот брег на САД го промени курсот, мина низ Гибралтар и вплови во Средоземното море и сега се наоѓа близу Алжир.

Вториот танкер „Леруо“ ја смени првичната дестинација и сега плови кон Бразил.

Двата танкери се наоѓаат под санкции на ЕУ што дополнително го отежнува нивното работење, вклучувајќи осигурување, финансиски трансакции и пристап до пристаништа.

Промените на курсот на пловење на руските танкери покажува дека привременото ублажување на американските санкции кон Русија не беше доволно за да се отстранат сите пречки во трговијата со руските нафтени деривати.

Купувачите и операторите на терминали и натаму мораат да водат сметка за прописите, санкциите врз бродовите и можните правни последици за деловна соработка со руски компании.

Во Америка има и политички отпор кон договорот Трамп-Путин, затоа што несамо Демократи, туку и некои Републиканци ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Трамп привремено да дозволи увоиз на рускиот дизел и сметаат дека таквата трговија би можела да и обезбеди дополнителни приходи на Москва за да ја продолжи војната во Украина.

Слични новости

Цената на златото падна под 4.000 долари за унца

Цената на златото падна под 4.000 долари за унца

Цената на златото на берзите падна на под 4.000 долари за унца, достигнувајќи го најниското ниво од средината на јули, додека вредноста на племенитиот метал на неделно ниво ослабна за речиси 4 насто.

Ејпл влегува на пазарот на телефони на преклоп, почна продажбата на ајфонот Дуо

Ејпл влегува на пазарот на телефони на преклоп, почна продажбата на ајфонот Дуо

Продажбата на првиот преклопен телефон на Ејпл ДУО, почна денеска, а пазарните аналитичари следат дали овој модел ќе успее да го смени пазарот на преклопни телефони, како што своевремено ајфонот го смени пазарот на смарт телефоните