Договорот меѓу претседателите на Америка и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин за испорака на руско дизел гориво за американските пазари се соочува со големи пречки. Два од трите танкери кои го превезуваа рускиот дизел го сменија курсот и се откажаа од првично најавеното патување кон САД, објави Фајненшал тајмс.
Првиот танкер „Талисман“ кој требаше да плови до атлантскиот брег на САД го промени курсот, мина низ Гибралтар и вплови во Средоземното море и сега се наоѓа близу Алжир.
Вториот танкер „Леруо“ ја смени првичната дестинација и сега плови кон Бразил.
Двата танкери се наоѓаат под санкции на ЕУ што дополнително го отежнува нивното работење, вклучувајќи осигурување, финансиски трансакции и пристап до пристаништа.
Промените на курсот на пловење на руските танкери покажува дека привременото ублажување на американските санкции кон Русија не беше доволно за да се отстранат сите пречки во трговијата со руските нафтени деривати.
Купувачите и операторите на терминали и натаму мораат да водат сметка за прописите, санкциите врз бродовите и можните правни последици за деловна соработка со руски компании.
Во Америка има и политички отпор кон договорот Трамп-Путин, затоа што несамо Демократи, туку и некои Републиканци ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Трамп привремено да дозволи увоиз на рускиот дизел и сметаат дека таквата трговија би можела да и обезбеди дополнителни приходи на Москва за да ја продолжи војната во Украина.
Слични новости
САД и Русија преговараат за враќање на американските компании на рускиот нафтен пазар
Белата куќа и Кремљ навестија дека би можел да биде обновен и заедничкиот потфат на американските и руските нафтени гиганти кај брегот на островот Сахалин на далечниот исток.
Цената на нафтата падна поради надеж за дипломатско решение меѓу САД и Иран
Цената на нафтата Брент е под 115 долари за барел, откако се обновени дипломатските настојувања за решавање на конфликтот, што ги поттикна надежите за окончување на војната меѓу САД и Иран.
Светската банка прогнозира забрзување на растот на западен Балкан
Според проекциите просечната стапка на раст во Србија, Албанија, Босна, Македонија и Црна Гора ќе достигне до 3,1 насто во 2026, што претставува зголемување од 2,6 насто колку што беше растот во 2025.


