Договорот меѓу претседателите на Америка и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин за испорака на руско дизел гориво за американските пазари се соочува со големи пречки. Два од трите танкери кои го превезуваа рускиот дизел го сменија курсот и се откажаа од првично најавеното патување кон САД, објави Фајненшал тајмс.
Првиот танкер „Талисман“ кој требаше да плови до атлантскиот брег на САД го промени курсот, мина низ Гибралтар и вплови во Средоземното море и сега се наоѓа близу Алжир.
Вториот танкер „Леруо“ ја смени првичната дестинација и сега плови кон Бразил.
Двата танкери се наоѓаат под санкции на ЕУ што дополнително го отежнува нивното работење, вклучувајќи осигурување, финансиски трансакции и пристап до пристаништа.
Промените на курсот на пловење на руските танкери покажува дека привременото ублажување на американските санкции кон Русија не беше доволно за да се отстранат сите пречки во трговијата со руските нафтени деривати.
Купувачите и операторите на терминали и натаму мораат да водат сметка за прописите, санкциите врз бродовите и можните правни последици за деловна соработка со руски компании.
Во Америка има и политички отпор кон договорот Трамп-Путин, затоа што несамо Демократи, туку и некои Републиканци ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Трамп привремено да дозволи увоиз на рускиот дизел и сметаат дека таквата трговија би можела да и обезбеди дополнителни приходи на Москва за да ја продолжи војната во Украина.
Слични новости
Се стабилизира цената на нафтата по победата на Демократите на изборите за Конгресот
Инвеститорите позитивно реагираа на значајниот пад на цената на нафтата поттикнат од очекувањата дека победата на Демократите на изборите за американскиот Конгрес би можела да придонесе за смирување на конфликтите на Блискиот исток
Тојота ја зголеми оперативната добивка за 34 насто, хибридните возила двигател на растот на компанијата
Ова е прв раст на Тојота во последните шест квартали, благодарение на силната продажба на хибридни возила и на слабиот јен, пренесува Ројтерс.
Цената на нафтата Брент падна под 102 долари за барел, ВТИ на тринеделен минимум
Цените на нафтата паднаа за повеќе од 3 насто, при што референтната нафта Брент поевтини на под 102 долари за барел, приближувајќи се кон најниското јниво во последниот месец.


