Договорот меѓу претседателите на Америка и на Русија Доналд Трамп и Владимир Путин за испорака на руско дизел гориво за американските пазари се соочува со големи пречки. Два од трите танкери кои го превезуваа рускиот дизел го сменија курсот и се откажаа од првично најавеното патување кон САД, објави Фајненшал тајмс.
Првиот танкер „Талисман“ кој требаше да плови до атлантскиот брег на САД го промени курсот, мина низ Гибралтар и вплови во Средоземното море и сега се наоѓа близу Алжир.
Вториот танкер „Леруо“ ја смени првичната дестинација и сега плови кон Бразил.
Двата танкери се наоѓаат под санкции на ЕУ што дополнително го отежнува нивното работење, вклучувајќи осигурување, финансиски трансакции и пристап до пристаништа.
Промените на курсот на пловење на руските танкери покажува дека привременото ублажување на американските санкции кон Русија не беше доволно за да се отстранат сите пречки во трговијата со руските нафтени деривати.
Купувачите и операторите на терминали и натаму мораат да водат сметка за прописите, санкциите врз бродовите и можните правни последици за деловна соработка со руски компании.
Во Америка има и политички отпор кон договорот Трамп-Путин, затоа што несамо Демократи, туку и некои Републиканци ја оспоруваат одлуката на администрацијата на Трамп привремено да дозволи увоиз на рускиот дизел и сметаат дека таквата трговија би можела да и обезбеди дополнителни приходи на Москва за да ја продолжи војната во Украина.
Слични новости
Јапонија: Голема хаварија парализираше 128 банки, клиентите отсечени од сметките
Проблеми со работата во опремата погодија 128 јапонски кредитни институции познати како шинкин банки, поради што клиентите не можат да ги вршат трансакциите на шалтерите и банкоматите.
Европа со рекордна брзина ги троши залихите на гас
Европските складишта за гас влегоа во новата сезона на потрошувачка со историски ниска пополнетост од 74,9 насто, додека германските резерви изнесуваа само 61,6 насто, што претставува историски минимум.
Пукна еуфоријата околу вештачката интелигенција, технолошките компании загубија милијарди
Во четвртокот со Волстрит завладеа жестока распродажба, предводена од акциите на компаниите кои учествуваат во изградба на центри на податоци за вештачката интелигенција. Индексот СП 500 падна за 4,4 насто, забалежувајќи најголем пад од април 2025


