Дана Еден продувентката на шпионскиот трилер „Техеран“ кој се емитува на Ејпл Тв беше пронајдена мртва во својата хотелска соба во Атина, за време на снимањето на четвртатата сезона од серијата.
Засега нема официјални информации за причините за смртта на Еден, но Ројтерс објави дека грчката полиција ја истражува можноста за самоубиство, врз основа на првичните докази и изјави.
Во третата сезона на „Техеран“ која беше креирана од Еден, заедно со уште двајца израелски продуценти игра и ѕвездата Хју Лори.
Слични новости
Врисок 7 надмоќно прв на Бокс Офисот со заработка далеку над очекувањата
Седмиот дел на хорор франшизата „Врисок“ на студиото Парамаунт заработи спектакуларни 64 милиони долари на премиерниот викенд во САД. Филмот заработи и 33 милиони долари надвор од САД за заработка од 97 милиони долари за два дена прикажување.
„Грешници“ ја освои главната награда за најдобар глумачки каст на годинашните актерски награди на Холивуд, Харисон Форд наградата за животно дело
Актерскиот каст на „Грешници“ ја освои наградата за најдобар глумачки ансамбл на филм, а Мајкл Б. Џордан од истиот филм за најдобра главна улога во машка конкуренција.
Анимираниот филм ГОАТ на Сони го презеде првото место на американскиот Бокс Офис
Анимираниот филм на Сони „ГОАТ“ кој минатата недела беше втор на Бокс Офисот, ја презеде првата позиција во САД со заработка од 17,2 милиони долари овој викенд.


