Во судницата во Идризово продолжува судењето за случајот Пулс. Ќе се сослушуваат тројца сведоци предложени од Јавното обвинителство – Драги Илиевски, Дејан Рашков и Виолета Георгиевска – сите од Општина Кочани.

Одбраната на обвинетите денеска ќе треба да се изјасни дали го прифаќаат повлекувањето на некои од сведоците предложени од Обвинителството откако на минатото рочиште на сите обвинети за случајот „Пулс“ им го достави списокот со сведоци за кои предлага да бидат повлечени од постапката поради тоа што преку сведочењето на другите сведоци се утврдиле околностите.

На минатото рочиште беше сослушан сведокот Живко Ставревски, помошник-генерален инспектор во Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), кој изјави дека до 2020 година не биле предвидувани редовни инспекциски надзори во општини во кои нема инспектори, а Кочани немало покриеност со инспектор за проверки и превенција.

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Во него загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

 

Слични новости

АВМУ: Пресудата против Лиридона Вејсели е притисок врз медиумите

Кривичното гонење на новинари за објавување податоци за носители на јавни функции во контекст на извршување на нивната професионална работа, создава притисок врз медиумите и го ограничува правото на јавноста да биде информирана.

Од утре почнува да казнува „Сејф сити“

Од утре официјално започнува примената на системот „Сејф сити“, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во полна функција.