Судењето  за пожарот во дискотеката Пулс продолжува денеска. Во судницата во Идризово се очекува  Обвинителството да го повика и вештото лице од Судска медицина.

На претходното рочиште Обвинителството ја презентираше медицинска документација и податоци за повредените што се јавиле за укажување медицинска помош по пожарот, во кој загинаа 63, а повредени беа над 200 лица.

Во судницата во „Идризово“ обвинителката Наташа Сарамандова ги презентираше вештачењата за 157 лица со тешки телесни повреди, како и 65 оштетени, кои добиле телесни повреди. Од сите повредни во пожарот, 20-ина се деца.

 

Во најголем број случаи смртта настанала насилно од задушување и труење со јаглерод моноксид или интоксикација со јаглерод моноксид. Во неколку случаи причина за смртта бил притисок врз градниот кош и термичко оштетување на горните дишни патишта.

 

Слични новости

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, треба да бидат спроведени за Македонија да го продолжи патот кон отворање на преговорите со Европската Унија.

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват

Самит ЕУ-Западен Балкан во Тиват

Според најавите Германскиот канцелар Фридрих Мерц и Францускиот претседател Емануел Макрон планираат на Самитот ЕУ – Западен Балкан и Молдавија да презентираат нова иницијатива со која ќе се забрза интеграцијата на земјите кандидатки од Западен Балкан во ЕУ.