Коалицијата „Продолжуваме со промената-Демократска Бугарија“ (ПП-ДБ) денеска го врати мандатот за состав на влада, веднаш по негово врачување од претседателот на државата, Румен Радев.
Претходно, и Росен Жељазков, како кандидат за премиер од ГЕРБ-СДС, исто така веднаш го врати мандатот по неговото добивање.
Од коалицијата ПП-ДБ уште минатата недела најавија дека нема да прават обиди за формирање влада и дека ќе го вратат мандатот во моментот на добивање.
Во согласност со Уставот, претседателот Радев сега треба да го додели третиот и последен мандат на некоја од другите парламентарни групи за кандидирање на премиер.
Според бугарскиот Устав, доколку првиот мандатар не предложи состав на министерски кабинет во рок од седум дена, претседателот го доверува мандатот на втората по големина група, а доколку и тоа не успее, тогаш на трета партија по негов избор. Доколку не се постигне согласност, се назначува преодна влада и се закажуваат нови избори во рок од два месеца.
Слични новости
Исламабад под високи безбедносни мерки пред клучните преговори САД – Иран
Пакистанската престолнина денеска е под засилени безбедносни мерки и речиси целосно мирна, додека властите го затворија градот пред почетокот на преговорите меѓу САД и Иран, чија цел е постигнување траен прекин на огнот по повеќенеделен конфликт.
Израел соопшти дека ја продолжува војната во Либан против Хезболах
Начелникот на генералштабот на Одбранбените сили на Израел генерал Ејал Замир денеска изјави дека борбата против Хезболах во Либан е примарната зона на неговата војска.
Историски пад на довербата на Американците во Британија
Мнозинството Британци сметаат дека САД се „негативна сила во светот“, покажа новата анкета на агенцијата „Паблик Фирст“, спроведена за Лондоснката конференција за одбрана.


