Цените на гасот и нафтата продолжија да растат поради кризата на Блискиот Исток и разгорувањето на конфликтот меѓу Иран и сојузничките сили на Соединетите Американски Држави и Израел, кој влезе во својот петти ден.

Фјучерсите на европските цени на гасот во еден момент денес скокнаа на 61 евро за мегават-час, што е највисока вредност во последните три години, а цените на нафтата од типот Брент надминаа 84 долари за барел.

Според моменталните податоци, цената на суровата нафта се искачи на 76.186 долари, а цената на нафтата од типот Брент на 83.225 долари, пренесува Танјуг.

 

Слични новости

Криза за гориво на европските аеродроми

Криза за гориво на европските аеродроми

На европските аеродроми им се заканува системски недостиг од авионско гориво доколку Ормускиот теснец во наредните три недели целосно не се отвори за сообраќај, предупреди авио-индустријата.