Со сослушување сведоци на предлог на Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој на 16 март минатата година настрадаа 63 лица, а над 200 беа повредени.

Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки, во присуство на обвинетите, роднини на жртвите и многубројни сведоци.

Постапка се води против повеќе физички и правни лица за тешки дела против општата сигурност. Родителите на загинатите деца во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани порачаа дека бараат правда за трагедијата која одзеде млади животи и засекогаш ги промени нивните семејства, нагласувајќи дека не бараат одмазда, туку одговорност и дека бараат судот да ја утврди вистината до крај.

 

Слични новости

Обвинителството поднесе кривични пријави за сопствениците на АСД метал груп, одговорни за пожарот во Визбегово

Јавното обвинителство поднесе кривични пријави против три лица, директорката на АСД метал груп, неформалниот сопственик на компанијата и уште едно лице. Обвинителството ги товари за Загрозување на животната средина и природа со отпад, дело за кое може да добијат до 10 години затвор.