Во Основниот кривичен суд во Идризово денеска продолжи судењето за пожарот во кабарето „Пулс“ во Кочани, во кој животот го изгубија 63 млади лица, а над 200 беа повредени.
Последното рочиште помина без присуство на најавените сведоци, по што процесот се соочи со нови одложувања и процедурни спорови меѓу обвинителството и одбраната.
Клучната расправа се води околу тоа дали дел од веќе испрашаните, но тешко повредени и трауматизирани сведоци треба повторно да се појават пред судот. Обвинителството смета дека нивните претходни искази се доволни, додека одбраната инсистира на нивно повторно сослушување.
Слични новости
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека Заев и Филипче се уценети за да одработуваат за Бугарија
Бугарија, наведува ВМРО-ДПМНЕ во партиското соопштение.
Притисоците од СДСМ за прифаќање на бугарските диктати не се ништо друго освен одработување на уценетите предавници и котиња, Заев и Филипче, обвинува ВМРО-ДПМНЕ.
СДСМ ја обвини коалицијата ВМРО-ЗНАМ дека државата ја држи во изолација заради криминални интереси
Власта не сака да ги внесе малцинствата во Уставот за да продолжи евроинтегративниот процес, бидејќи, според СДСМ, ним, им одговара „изолирана, слаба и корумпирана Македонија“.
ВМРО ДПМНЕ го обвини Венко Филипче дека е пион на Румен Радев
ВМРО ДПМНЕ го обвини Венко Филипче дека е пион на Румен Радев и дека е главен лобист за прифаќање на бугарскиот ултиматум. Партијата соопштува дека СДСМ и Филипче водат „сервилна и поданичка политика кон туѓи интереси“,

