Денеска продолжија протестите пред албанскиот парламент во Тирана каде што граѓаните протестираа против албанскиот премиер Еди Рама. Албанските медиуми јавуваат дека полицијата употребила солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите.
За време на полициската интервенција тензиите се зголемија, а демонстрантите извикуваа пароли и фрлаа предмети врз полициските сили. Полицијата приведе голем број лица, но нивната бројка не е соопштена, јавуваат албанските медиуми.
И покрај немирите пред зградата, парламентот продолжи да работи и усвои повеќе закони. Опозицијата ја бојкотираше седницата на парламентот и го обвини владејачкото мнозинство дека го користи полициското присуство за да ги замолчи граѓаните кои протестираат.
Слични новости
САД извршија нови удари врз Иран, Техеран возврати со напади врз Бахреин и Кувајт
Најновите напади покажуваат дека САД и Иран се приближуваат кон општа војна по распадот на минатомесечниот привремен договор кој требаше крајно да ги оконча судирите. Истовремено, речиси е целосно запрен поморскиот сообраќај низ Ормутскиот теснец.
Епидемијата на ебола во Конго се потешка: Повеќе од 2.300 потврдени случаи
Директорот за вонредни ситуации на СЗО Чикве Ихеквезу изјави дека вистинската бројка на случаи на ебола во Конго е најмалку двојно повисока, а можно е да изнесува и четири пати повеќе од официјалната бројка.
Русија изврши голем ракетен напад врз Киев
Русија изврши серија напади со балистички ракети врз украинскиот главен град Киев, при што загина едно лице, а најмалку 14 се повредени, соопштија украинските власти.


