За 30 дена е продолжен притворот за поранешниот државен правобранител Фехми Стафа по одлука на надлежниот суд, на предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.
Стафа е осомничен за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание и против него се води истрага поради сомнежи дека посредувал со цел да влијае врз судска одлука.
Според обвинителството, во периодот од октомври до декември 2025 година, тој побарал 100.000 евра, а примил вкупно 50.000 евра, за да изврши влијание врз судија од Апелациониот суд Скопје со цел да биде укинат притворот на лице кое во тој момент било во бегство.
Судот ја продолжи мерката притвор оценувајќи дека и натаму постои опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и постапката, како и ризик од повторување на кривичното дело.
Слични новости
СДСМ: Владата планира да потроши 100 милиони евра за нов авион
СДСМ ја обвини Владата дека планира да потроши околу 100 милиони евра за набавка на нов владин авион, наместо средствата да се насочат кон зголемување на платите
Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител
Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.
Нино Васев останува во притвор
Кривичниот совет на Основниот кривичен суд – Скопје го одби предлогот на одбраната за укинување на притворот на обвинетите Нино Васев и Нехат Нухи во случајот „Онкологија 2“, иако беа понудени имотни гаранции од над 350.000 евра.


