Различната понуда во кино салите за божикните празници придонесе за најдобар резултат на Бокс Офисот за овој Божик од времето на Ковид пандемијата. Освен двата филма на Дизни што доминираат: Аватар и Зоотопиа 2, добро поминува и филмот Марти Суприм биопик за некогашен шампион во пинг понг на А24 со Тимоти Шаламе во главната улога.
Филмот има најдобро отварањево историјата на ова независно студиот со заработка од 27 милиони долари.
Во кината се прикажува и хит авантурситичката комедија на Сони „Анаконда“ која заработи 23,6 милиони долари во САД.
Одлично поминува и трилерот „Домаќинката“ исто така на Сони која заработи 23 милиони долари, но станува збор за филм со скромен буџет од 36 милиони долари.
Разочарување е цртаниот филм „Сунѓерот Боб“ на парамаунт кој за две недели прикажување заработи 37,8 милиони долари, многу помалку од очекувањата на Парамаунт.
Слични новости
Објавен трејлерот за третиот дел на „Дина“ на Денис Вилнев
Ако првиот дел беше контемпација за момче кое го истражува новиот свет, а вториот дел беше воен филм, третиот дел е трилер. Филмот е исполнет со акција и тензија, најави режисерот Денис Вилнев.
„Хоперс“ и натаму прв на Бокс Офисот
Анимираниот филм „Хоперс“ и натаму е убедливо прв на американскиот Бокс Офис, иако забележа голем пад на гледаноста во втората недела од прикажувањето во кино салите.
Пад на гледаноста на шоуто на додела на Оскарите
Според истражувањето на мерењата за гледаност на Нилсен, Оскарите на Еј БИ Си ги гледаа 17,8 милиони гледачи во САД, за разлика од 20 милиони шти го гледаа шоуто во 2025.


