Кинеската компанија Поп март денеска објави дека продажбата на нејзината најпозната кукла Лабубу во 2025 надмина 100 милиони парчиња ширум светот, со што го зацврсти статусот на глобален културен феномен.
Според податоците што ги објави оснивачот на компанијата Ванг Нинг побарувачката за овие карактеристични кукли достигна неверојатни размери, па во просек во секоја секунда се продаваат по три кукли.
Вкупната продажба на сите брендови во Поп март групацијата надмина 400 милиони единици, што ја потврдува доминацијата на кинескиот креативен сектор.
Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.
Слични новости
Германските комапнии речиси ги преполовија вложувањата во САД откако Трамп се врати на власт
Германските компании се многу попретпазливи кога станува збор за вложувањата во САД, откако нивните директни инвестиции во Америка се речиси преполовени, покажа најновата студија на германската економија.
МОЛ потпиша рамковен договор за преземање на мнозинскиот удел во НИС
Унгарската МОЛ група соопшти дека ги потпиша главните одредби од обврзувачката рамковна спогодба со компанијата Гаспромњефт за купување на удел од 56,15 насто во српската компанија НИС
Стармер: Американските закани со царини се целосно погрешни
Британскиот премиер Кир Стармер изјави дека САД направиле грешка што се закануваат со нови царини врз европските земји поради нивното противење на намерата на американскиот претседател Доналд Трамп САД да го анектираат Гренланд


