Мерка притвор во траење од 30 дена е определена за осум лица поврзани со вчерашната акција во Управата за јавни приходи (УЈП) заради постоење на основи од опасност од бегство, влијание врз сведоци и можност да го довршат или повторат делото, информираа oд Кривичниот суд.

Акцијата опфати претреси на 16 локации во државата, пришто биле пронајдени и привремено одземени фиктивна документација, парични средства, оружје и лажни печати од правни лица, а осомничените лица се обезбедени.

„Акцијата е резултат на постапувања на Истражниот центар на ОЈО ГОКК и Управата за финансиско разузнавање по известување на АНБ, при што беа обезбедени докази за основано сомнение за кривични дела од финансиска природа.

Врз основа на ова, ОЈО ГОКК отвори предмет и донесе наредба за спроведување истражна постапка против 20 лица, кои го оштетиле буџетот на државата за 297.733.844 денари или 4,8 милиони евра“, информираше Јавното обвинителство.

Според истрагата, првоосомничен е српски државјанин и сопственик и управител на две правни лица, заедно со двајца службеници од УЈП – Регионална дирекција Скопје, во текот на 2023 година формирале група со цел вршење кривични дела даночно затајување, даночна измама, перење пари и злоупотреба на службената положба.

Во периодот 2023 – 2025 година во групата биле вклучени и други сопственици, управители и вработени во правни лица во Скопје и Гевгелија.

 

Слични новости

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Се очекуваат новите цени на горивата во Македонија, откако нафтата повторно поскапе на светско ниво

Цените на нафтата нагло пораснаа минатата недела, втора по ред, бидејќи кризата на Блискиот Исток го спречи извозот на нафта преку Ормутскиот теснец, па во двете недели од нападот на САД и Израел врз Иран