На 3 октомври, истекува законскиот рок по кој сопственикот на дискотеката „Пулс“ Дејан Јованов и другите обвинети за пожарот во кој загинаа 63 млади луѓе не можат да останат во ефективен притвор.
Неговата адвокатка Ивана Коцевска на денешното рочиште најави поднесување на гаранција дека Јованов ќе биде присутен на рочиштата.
Судијката Дијана Груевска на ова одговори дека законот ќе се почитува во целост и оти правата на обвинетиот и досега не биле загрозени.
„Точно е дека на 3.10 притворот мора да прекине, како ќе одлучи кривичниот совет понатаму ќе видиме“, рече судијката Груевска.
Според законот, обвинет може да биде задржан во притвор максимум една година од оценката на обвинението.
За „Пулс“ тоа е 3 октомври, кога му истекува ефективниот притвор на Дејан Јованов.
Слични новости
Пожарот кај Рамни Габер се уште не е изгаснат
Противпожарните екипи на Град Скопје и во текот на ноќта остаа да ја следат состојбата во селото Габер, кое беше зафатено од пожарот што се прошири од село Моране.
Македонија со напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност
Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност, искачувајќи се за 29 позиции и достигнувајќи го 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии.