Бизнис активноста во приватниот сектор на еврозоната во март е најбавна во изминатите десет месеци, бидејќи војната на Блискиот исток ги зголемува инфлаторните притисоци и го загрозува економското заздравување во Европа. Пазарите сметаат дека Европската централна банка ќе ги зголеми каматите.

Најголемата економија на еврозоната Германија забележа поголем пад од очекуваниот, иако е сеуште во зоната на раст.

Европските индекси на берзите денеска главно стагнираат, откако цената на нафтата Брент повторно ја надмина психолошката граница од 100 долари за барел.

Слични новости

Бугарија целосно премина на евро

. Од 1 февруари, бугарскиот лев замина во историјата, а еврото стана единственото законско средство за плаќање во земјата, со што заврши и едномесечниот преоден период во кој двете валути истовремено циркулираа во прометот.