Претседателот на иранскиот парламент Калибаф негираше дека Иран преговара со САД за прекин на војната и ја отфрли реториката на Трамп како прикриен обид за манипулирање со немирните глобални пазари.

Претходно американскиот претседател Трамп изјави дека во наредните пет дена нема да има напади врз иранската енергетска инфратсруктура, бидејќи има напредок во преговорите меѓу Вашингтон и Техеран, како и дека Иран бил наводно подготвен за договор.

Но, претседателот на иранскиот парламент изјави дека тврдењето на Трамп е лажно и дека не се водени никакви разговори на релација Вашингтон-Техеран.

„ Нашиот народ бара целосно и понижувачко казнување на агресорите. Сите функционери цврсто стојат зад својот лидер  и народ, сè додека не се постигне оваа цел“.

Иранската телевизија објави дека Калибаф во неговата порака нагласи дека се шират лажни вести со цел да се манипулираат финансиските и нафтените пазари,што е обид да се избега од мочуриштето во кое се заробени САД и Израел“.

Слични новости

Иран го затвори Ормускиот мореуз

Ова е прв пат Иран да го затвори овој клучен воден пат, низ кој минува 20 насто од светската нафта, откако САД почнаа да му се закануваат на Иран и да испраќаат воена опрема во регионот.

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати