Претседателката на Македонија Гордана Сиљановска утре во Софија ќе има средба со бугарската колешка Илијана Јотова во рамките на самитот од процесот за соработка во Југоисточна Европа.
Сиљановска за 360 степени изјави дека очекува на средбата да се отворат и суштински прашања, бидејќи според неа, нема нерешлив проблем.
Премиерот Мицкоски изјави дека не знае што може да очекува и која би била евентуалната содржина на состанокот, но порача дека очекува Македонија да има добри односи со сите соседи, а дека како премиер ќе стори се што е во негова моќ да го заштити идентитетот и интересот на граѓаните и државата.
Слични новости
ДУИ бара оставка од директорот на Јазичниот инспекторат
ДУИ побара оставка од директорот на Инспекторатот за употреба на јазиците, обвинувајќи дека институцијата не реагирала по наводни прекршувања на законската обврска за употреба на албанскиот јазик.
Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври
Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.
Претседателката на Индија во посета на Македонија – посебен сообраќаен режим во Скопје
Претседателката на Индија, Друпади Мурму од денеска до 23 јули ќе престојува во официјална посета на Македонија, поради што Скопје ќе биде под посебен режим на сообраќај, соопшти МВР.


