Македонскиот премиер Христијан Мицкоски денеска изјави дека не гледа потреба за прогласување кризна состојба поради порастот на цените на горивата.

Тој вели дека  голем е притисокот врз бензинските во пограницните места и Македонија има најевтино гориво и понатаму.

Премиерот за утре најави средба со претставниците на маркети и дистрибутерите за да не падне товарот врз граѓаните.

Мицкоски е задоволен од базичната инфлација и оцекува да се движи од 2-3 проценти.

 

Слични новости

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра, се вели во соопштението од СДСМ.

Во вторник состанок на министрите на Западен Балкан со ЕК – камионџиите од Србија и БиХ и денеска со блокади

Македонија и Црнагора ги прекинаа блокадите на граничните премини, додека превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден.