Премиерот Христијан Мицкоски попладнево во Брисел ќе учествува на Самит за проширувањето на Европската Унија во организација на телевизијата Еуроњуз, кој е замислен како собир на кој високи претставници на ЕУ и на земјите кандидати за членство ќе разговараат за иднината на европската интеграција.
Станува збор за прв настан од ваков тип на кој креаторите на политики, експертите и лидерите во телевизиски пренос во живо ќе дебатираат за клучниот избор на Европа: Дали Унијата ќе се прошири и ќе се развива или ќе ризикува стагнација?
Војната на границите на ЕУ и растечките демократски аспирации во нејзиното соседство го направија проширувањето повеќе од политика: сега тоа е стратешки императив, се наведува во најавата за настанот.
Се очекува Самитот да испита дали хоризонтот на проширување до 2030 година за земјите кандидати за членство од Западниот Балкан и од Источното партнерство е веродостоен или симболичен, како и што би значела подлабоката интеграција за демократијата, економијата и стратешката автономија на Европа.
На Самитот е најавено и учество на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, на претседателите на Молдавија, Србија и Украина, Маја Санду, Александар Вучиќ и Володимир Зеленски, на премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама и Милојко Спајиќ, на еврокомесарката за проширување Марта Кос, како и на претседатeлот на Комитетот за надворешни работи на ЕП, Дејвид Мекалистер.
Слични новости
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со локални врнежи од дожд, кои повремено ќе бидат пообилни. Се очекува и невреме со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.
Побаран притвор за пет лица за поткуп, меѓу кои директорот на Платежната агенција и вработени во УЈП и МЗШВ
Дел од паричните средства кои биле дадени како поткуп, како што информираат од Обвинителство и МВР, во износ од 400 евра се пронајдени и одземени при вчерашниот претрес
Кошта и Кос го подржаа потпишувањето на Договорот за Коридорот 8 меѓу Македонија и Бугарија
Европската Унија го поздрави потпишувањето на Договорот за подготовка, изградба и оперативност на меѓуграничниот железнички тунел на Коридор 8 меѓу Македонија и Бугарија


