Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, со партиска делегација, од денеска до 20 март ќе учествуваат на Конгресот на Европската народна партија во Брисел.

На конгресот се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен, и претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола, соопшти прес-центарот на ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата истакнуваат дека присуството на конгресот ја потврдува определбата на Република Северна Македонија за европска интеграција и обезбедува можност за билатерални средби со претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија.

Делегацијата на Мицкоски ја сочинуваат партискиот генерален секретар, Драган Ковачки, и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски. Тие ќе присуствуваат и на свеченоста со која Европската народна партија ќе ја одбележи 50-годишнината од своето постоење

Слични новости

СДСМ: Владата да најде пари за 600 евра минимална плата за работниците

Не може да има пари за криминални тендери, а да нема за работниците. Наместо изговори за да не ги покачи платите, Владата на Мицкоски да обезбеди пари за зголемување на минималната плата за 600 евра, се вели во соопштението од СДСМ.

Во вторник состанок на министрите на Западен Балкан со ЕК – камионџиите од Србија и БиХ и денеска со блокади

Македонија и Црнагора ги прекинаа блокадите на граничните премини, додека превозниците на товар од Србија и Босна и Херцеговина продолжуваат да ги блокираат товарните терминали на граничните премини петти ден.