Премиерот Христијан Мицкоски денеска потврди дека од мартовската пензија, која се исплаќа на почетокот на април, сите пензионери ќе добиваат зголемена пензија за 1.000 денари.

Премиерот рече дека статистичките податоци за нивото на сиромаштија и Џиниевиот коефициент ја оправдуваат политиката за линеарното зголемување на пензиите.

„Во април, со мартовската пензија, ќе има линеарно зголемување на пензиите, така што продолжуваме со таа политика. Сакаме да го намалиме нивото на стапката на сиромаштија кај оваа група, а со тоа и да го намалиме Џини коефициентот којшто подразбира нееднаква распределба на доходите кај различни групи на граѓани“, изјави Мицкоски.

 

 

Слични новости

„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје

„Стоп за Усје“ ја обвини општина Кисела вода дека намерно крие колку загадува Усје

Граѓанската иницијатива одржа прес-конференција пред Општина Кисела Вода, посочувајќи дека од Општината добиле лажни информации во врска со мерната станица која Општината ја постави во Усје.

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

ССМ со блокада на Владата бара поддршка за предлогот 600 евра минималец

Нова блокадата и нов протест пред генерален штрајк. Сојузот на синдикатите на Македонија денеска во 11 часот ги блокира вратите на Владата со исто барање, поддршка за предлогот за 600 евра минималец и сто евра раст на останатите плати