Анимираниот филм на Пиксар „Хоперс“ се очекува да има најдобро отварање за ова студио во последната деценија. Пиксар кој е дел од студиото Дизни очекува премиерата на „Хоперс“ да донесе заработка од околу 88 милиони долари на премиерниот викенд, од кои во САД близу 40 милиони.

„Хоперс“ има одлични критики, а на Ротен томејтоус стигна до многу високи 97 проценти. Со оглед на тоа што „Зоотопиа 2“ заработи 1,85 милијарди долари на кино благајните, очекувањата се дека публиката и натаму има желба за семејни филмови како „Хоперс“.

Ворнер брос викендов ќе ја има премиерата на филмот „Невестата“ на Меги Гиленхал со Џеси Бакли и Кристијан Бејл. Фимот е римејк на готскиот хорор „Невестата на Франкрештајн“ од 1935. Ворнер предвидува филмот да заработи 35-38 милиони долари глобално.  

Слични новости

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

Утре премиерата на биопикот за поп иконата Мајкл Џексон

За утре е закажана официјалната премиера на биопикот за кралот на попот Мајкл Џексон „Мајкл“,а на социјалните медиуми веќе почна лудилото дека кралот на попот се вратил. Филмот ќе биде достапен низ кино салите ширум светот од 24 април.