„Војникот дух“ на студиото Сони во режија на Вилијам Јубанк заработи скромни 5,2 милиони долари на премиерниот викенд ширум кината во САД.
Главната улога во филмот ја толкува Џим Кавиезел кој игра поранешен припадник на „Зелените беретки“ кој ја брани својата заедница во Вајоминг од корпоративни закани.
Лошо помина и премиерата на „Како да ограбите банка“ на студиото Амазон МГМ. Филмот на режисерот Дејвид Лич заработи разочарувачки 5,1 милиони долари во премиерниот викенд.
Филмот имаше продукциски буџет од 40 милиони долари, а главните улоги ги ролкуваат Николас Халт, Зое Кравиц и Ана Саваи.
Слични новости
Легендарните „У 2“ ќе настапат на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста
Стриминг гигантот Нетфликс објави дека се договорил со ирскиот легендарен бенд У2 да настапува на полувремето на НФЛ натпреварот на денот на благодарноста во САД. Натпреварот ќе се игра на 25 ноември на стадион во Лос Анџелес.
Аманпур го напушта „Си-Ен-Ен“ по 43 години кариера во телевизијата
Kристијанa Аманпур, една од најпознатите новинарки на „Си-Ен-Ен“, во јуни следната година ќе ја заврши својата 43-годишна кариера во телевизијата.
Ретка слика на Мондријан на аукција по цена до 30 милиони фунти – се изложува за првпат по 25 години
Ретката апстрактна слика „Композиција III“ од холандскиот уметник Пит Мондријан се очекува да биде продадена на аукција во Лондон за сума меѓу 20 и 30 милиони фунти.


