Секвелот на хитот „Годзила минус еден“ кој ќе има наслов „ Годзила минус нула“ е најавен за втората половина од 2026 на јапонскиот и американскиот пазар. Првиот дел од филмот се случуваше во Јапонија по Втората светска војна и беше фокусиран на камиказе пилотот Коичи и страшното чудовиште настанато како последица на радијацијата.

„Годзила минус еден“ заработи изненадувачки 113 милиони долари и го освои оскарот за најдобри визуелни ефекти, иако беше направен со многу скромен буџет од 15 милиони долари. Јапонскиот филм е единствениот кој успеа да освои Оскар за време на 70 годишната франшиза.

Филмот наиде на одлични критики низ светот и во Холивуд, а меѓу другите го пофали и Стивен Спилберг кој е фан на Годзила.  

Слични новости