Висока статуа на фудбалскиот великан Пеле е откриена во мексиканскиот град Гвадалахара во знак на сеќавање на неговите достигнувања со репрезентацијата на Бразил. Едсон Арантес до Насименто, попознат како Пеле кој почина во 2022, освои една од своите три титули токму во Мексико во 1970.
Статуата на Пеле е висока 9,5 метри и се наоѓа на плоштадот Бразил пред стадионот Халиско кој беше домаќин на натпреварите на Светските првенства во фудбал во 1970 и 1986.
Бразил на овој стадион ги одигра натпреварите од четвртфиналето и полуфиналето, пред да ја победи Италија на стадионот Астека во Мексико Сити.
Слични новости
Биопикот „Мајкл“ сеуште во врвот на Бокс офисот
Филмот досега има заработени фантастични 856 милиони долари, од кои 345 милиони во САД и 511 милиони долари на глобалните пазари.
Грчките возачи меѓу најопасните во Европа
Грчките возачи, според однесувањето зад воланот, се меѓу најопасните во цела Европа, објави денеска весникот „Катимерини“, повикувајќи се на најновите резултати од истражувањето за одговорно возење.
Фифа ги поништи бесплатно поделените влезници за Мундијалот поради грешка во системот
ФИФА призна дека поради грешка на нејзината интернет страница им било овозможено на околу 60 навивачи да купат билети за Светското првенство во фудбал 2026 безбило каков надомест и дека спорните билети се поништени.


