Министерството за здравство информира дека предлог-законот за заштита од пушење е објавен на електронскиот национален регистар на прописи, каде сите заинтересирани граѓани и организации можат да учествуваат во јавната расправа пред неговото усвојување.
„Со овој закон отвораме суштинско прашање што директно го засега здравјето и иднината на нашите деца и младите. Фактите се јасни и неспорни – тутунот и никотинот остануваат водечка причина за превентабилна смрт, изложеноста на чад и аеросоли ги оштетува и тие кои не избрале да пушат, а новите никотински производи, аромите, агресивниот маркетинг и дигиталната промоција се насочени токму кон младите.
Затоа, Министерството за здравство изготви нов Закон за заштита од пушење, чија намера не е казнување, туку превенција, јавно здравје и заштита на најранливите категории граѓани. Изјави министерот за здравство Азир Алиу.
Со законот се воведува целосна забрана за рекламирање, промоција и спонзорство, се ограничуваат продажбата и изложувањето на тутунски и никотински производи, како превентивни мерки за поддршка на откажувањето од зависноста, и конечно, се зајакнува забраната за пушење во јавни и работни простории.
Слични новости
ССМ утре почнува со блокади, најпрвин на парламентот
ССМ бара раст на минималецот на 600 евра, а сите останати плати да се зголемат за најмалку 100 евра. Премиерот пак стои на ставот дека зголемувањето на платите ќе се одвива според законското решение.
Почувствуван земјотрес во Тетово и околината, епицентарот бил во Косово
Синоќа во 23 и 10 е почувствуван земјотрес во Тетово и во околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала
ВМРО ДПМНЕ го обвини Заев дека го брани нарко картелот во Македонија
Немирната совест го натера Заев на панични реакции уште во неделата рано изутрина. Нервозната реакција е јасен знак дека Заев се чувствува директно погоден и разоткриен, откако вистината почна да излегува на виделина


