Во услови на криза околу случувањата на Алба банка, денеска во комисијата на финансирање и буџет започнува и расправата за предлог-буџетот за 2027 година, кој предвидува приходи од 395,4 милијарди и расходи од 440,4 милијарди денари.

За капитални инвестиции се планирани 40,8 милијарди денари, а државата ќе треба да сервисира долг од 124,6 милијарди денари.

Буџетскиот дефицит е планиран на 45 милијарди денари, односно 3,5 отсто од БДП, и е во согласност со Фискалната стратегија за периодот 2027–2031 година.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска изјави дека  основната цел е да се обезбедат стабилни и одржливи јавни финансии, да се продолжи со постепена фискална консолидација, но истовремено да се создадат услови за економски раст

Слични новости

Застреланиот во Арачиново е албанскиот пејач Азиз Мурати од Скопје

Мурати е ранет на влезот во Арачиново, откако во него пукало лице од возило – лице што го познавал од претходно и кое било во друштво со уште едно лице. Од МВР наведуваат дека се преземаат сите мерки и активности за расчистување на случајот.