За божикните празници на Бокс Офисот ќе доминира долгоочекуваното продолжение на филмот со најголема заработка во историјата Аватар на Џејмс Камерон, но другите големи холивудски студија за празникот излегоа со хитови кои ќе се борат за второто место.

Парамаунт излезе со премиерата на анимираниот семеен филм од франшизата „Сунѓерот Боб“ кој се очекува да има голема популарност кај децата и помалите тинејџери, а во премирниот викенд се очекува да заработи околу 25 милиони долари.

Студиото Лајонсгејт реши за празникот да оди со премиерата на трилерот „Домаќинката“ во кој играат Аманда Сејфрид и Сидни Свини, кој ќе биде втор или трет на Бокс Офисот. За филмот кој се очекува да заработи меѓу 20 и 24 милиони долари во премиерниот викенд, Сидни Свини ќе има потенцијална номинација за Оскар.

 

Слични новости