Денеска во Абу Даби се одржува нова рунда од руско-украинските преговори со посредство на Вашингтон зад затворени врати, објавуваат руските медиуми. Извори во руската делегација изјавија дека новинарите не се повикани да ги следат разговорите и дека тие ќе се одржуваат во целосна тајност.
Белата куќа потврди дека на трилатералните преговори ќе присуствуваат американските преговарачи Стив Виткоф и Џерад Кушнер, кои претходно имаа состанок со рускиот претседател Владимир Путин.
Руската делегација ја предводи началникот на Главната разузнавачка управа на Генералштабот Игор Костјуков, а Украина ја предводи шефот на кабинетот на Зеленски Кирило Буданов.
Слични новости
Макрон: Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стане учесник во светските настани
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека Европа ќе биде збришана за пет години, ако не стори ништо да стане учесник во светските случувања, наместо нивни набљудувач.
САД го подгрејуваат канадскиот сепаратизам
Министерот за финансии на САД Скот Бесент изјави дека на Алебрта треба да и се дозволи да се приклучи на САД, оценувајќи ја оваа канадска провинција како „природен партнер“ на Вашингтон
Њујорк: Најмалку 18 жртви од студениот бран, на улиците поладно откако на Антарктик
Националната метеоролошка служба соопшти дека температурите се меѓу 10 и 15 степени под сезонскиот просек, а во сила е предупредување за екстремен студ.


