Секвелот „Практични Магии“ со Никол Кидман и Сандра Булок по шест недели го симна Спајдермен од врвот на американскиот Бокс офис, со заработка од 30 милиони долари на американскиот пазар. Студиото Ворнер очекуваше повеќе од премиерниот викенд на филмот, чиј продукциски буџет изнесува 75 милиони долари.
Филмот заработи и 16 милиони долари од 77 странски пазари на кои имаше премиера. Филмот доби слаби или просечни оценки од критичарите и публиката.
На второто место на Бокс офисот е „Спајдермен“ кој е најсупешен филм годинава со рекордни 2,5 милијарди долари заработка, а трет сеуште е „Одисеја“ на Кристофер Нолан кој стана најуспешен филм на Нолан на кино благајните со заработка од 1,7 милијарди долари.
Слични новости
Поранешниот принц Ендру ја тужи англиската полиција поради апсењето во врска со Епстин
Тој поднесе барање за судско преиспитување во врска со налозите за претрес што и овозможија на полицијата да изврши рација во неговата куќа. Ова е за прв пат некој член на кралското семејство да ја оспорува законитоста на судската постапка против себе уште од судењето на Чарлс Први во 1649 година.
Фијаско на филмот „Копачот“ на Алехандро Инариту со Том Круз на Бокс офисот
Сатиричната црна комедија „Копачот“ на славниот режисер Алехандро Инариту со мега ѕвездата Том Круз во главната улога доживеа голем неуспех на кино благајните на премиерниот викенд во САД. Филмот кој се прикажува во 3.300 кина во САД заработи само 8 милиони долари, далеку под сите очекувања на студиото Ворнер Брос.
Коперникус: Температурите летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија
Температурите на воздухот од јуни до август летово беа за 2,5 степени над просекот од претходната деценија, покажуваат податоците на службата на ЕУ за следење на климатските промени – Коперникус.


