Филмот „ „Практична магија 2“ на студиото Ворнер Брос се очекува викендов да го зазеде првото место на американскиот Бокс офис по шест недели царување на Спадјдермен.

Филмот почна да се прикажува во 4.000 кина во САД, а вториот дел во кој главните улоги повторно ги толкуваат Сандра Булок и Никол Кидман се сними 28 години по првиот дел.

Режисерка на филмот е данкињата Сузан Биер, а филмот се очекува да заработи околу 35 милиони долари во премиерниот викенд во САД и околу 20 милиони долари надвор од Америка.

Првиот филм ја имаше премиерата на 16 октомври 1998, стана голем хит и во САД заработи 46 милиони долари, така што се очекува секвелот да го надмине оригиналниот филм од 1998.    

Слични новости

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

ВИ откри критичен пропуст: Паднаа eвропски владини сајтови

Владини веб-страници во Холандија, Франција, Данска и Финска беа привремено исклучени по откривањето критични безбедносни пропусти во програмскиот јазик PHP, кој се користи за функционирање на голем дел од интернетот.