Американската сојузна држава Орегон поднесе тужба против администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради наредбата да распореди трупи на националната гарда во Портланд, наводно поради борба против тероризмот, пренесува Вашингтон пост.

Државниот обвинител Ден Рејнфилд ја предаде тужбата на судот во Орегон со тврдење дека Националната гарда е незаконски федерализирана и дека наредбата на Трамп е во спротивност со уставните надлежности на сојузните држави.

Гувернерката на Орегоб Тина Котек изјави дека ден претходно телефонски разговарала со американскиот претседател и му нагласила дека ниту во Портланд, ниту во другите градови во Орегон не постојат закани по националната безбедност.

Трамп на 27 септември објави дека му наложи на министерот за војна Пит Хагсет да распореди трупи заради заштота „на со војни разурнатите“ објекти на Портланд, како и просториите на имиграционата служба, од како што наведе Натифа и другите домашни терористи.

Освен тоа, американскиот претседател потпиша извршна наредба со која Антифа се означува како терористичка организација во САД. Одлуката е образложена со „политичкото насилство“ кое му се припишува на ова движење.

Слични новости