Американскиот претседател Доналд Трамп ги повика европските лидери и украинскиот претседател Володимир Зеленски да постигнат мировен договор со Русија. Пораката на Трамп е упатена по неговата средба во рускиот претседател Владимир Путин во Шенжен.

Трамп им порача на европските сојузници дека Русија е подготвена на договор, доведувајќи ја во прашање оправданоста и натаму да се издвојуваат милијарди долари за финансирање на војната во Украина, објави „Вашингтон пост“.

Според пишувањето на „Вашингтон пост“ американскиот претседател Трамп се вклучил телефонски на состанокот на „коалицијата на подготвените “ во Берлин на која учествуваа водечките европски лидери, украинскиот претседател Зеленски и Џерад Кушнер.

„Волстрит Џурнал“ пак објавува дека САД предлагале Украина да добие членство во НАТО во замена за територијални отстапки на Русија, иако Москва инсистира на неутралност на Украина.

Втората опција е замрзнување на конфликтот на постоечките линии на фронтот, со мировна спогодба која би вклучила меѓународни безбедносни гаранции за Украина.

Слични новости

Нереди во Шпанија за време на генералниот штрајк

Нереди во Шпанија за време на генералниот штрајк

Повеќе од 60 лица се приведени, а биле забележани преку 900 инциденти ширум Шпанија за време на генералниот штрајк организиран поради барања за повисоки плати и попристапни услови за станбено живеење.