Американскиот напад врз Венецуела се заканува да предизвика нов нагол пораст на цената на нафтата, откако на крајот на 2025 цената на сировата Брент нафта падна за 20 проценти, стабилизирајќи се на околу 60 долари по барел, со што се врати на нивото од пред четири години.
Олеснувањето што им го донесе намалувањето на цената на нафтата на земјите кои се најголеми потрошувачи сега е загрозено со нападот на Трамп врз Венецуела и потенцијалното влијание врз цената на сировата нафта.
Од достигнувањето на врвот во март 2022 кога еден барел нафта чинеше 128 долари, цената на нафтата нагло падна и ја заврши минатата година на 60 долари, што е пад на цената од околу 50 насто.
Сепак производството на сирова нафта во Венецуела е само 2,9 насто од вкупното производство на ОПЕК, па земјите членки на ОПЕК сметаат дека кризата во Венецуела нема да направи големи потреси на цената на нафтата.
Слични новости
Европските берзански индекси во пораст
Европските берзански индекси денеска се главно во пораст, откако беше продолжен позитивниот тренд од петокот
Антонио Гутереш повика на економски пресврт и напуштањето на БДП како главна мерка на пресметка на успехот
Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш предупреди дека сегашните економски модели го наградуваат загадувањето и трошењето на ресурсите и водат кон еколошка катастрофа.
Продажбаата на кинеската кукла Лабубу надмина 100 милиони во 2025
Аналитичарите истакнуваат дека овие резултати означуваат клучна промена во кинеската економија затоа што фокусот се поместува од традиционалната етикета „прозведено во Кина“ на модерната „креирано во Кина“.


