По осум години преговори, Европската Унија и Австралија ги финализираа разговорите за договор за слободна трговија, што отвора ново поглавје во економските односи меѓу Брисел и Канбера.
Договорот предвидува укинување на царините и трговските бариери, а доаѓа во момент кога ЕУ забрзано бара посигурни и поразновидни партнери во време на глобални тензии.
Европската комисија и австралиската влада објавија дека преговорите за Договорот за слободна трговија се успешно заокружени. Веста ја соопштија претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и австралискиот премиер Ентони Албанезе, кои нагласија дека станува збор за кулминација на процес што траеше осум години.
Главната цел на договорот е целосно отстранување на царините и другите трговски пречки, со што се очекува полесен проток на стоки и услуги меѓу двете страни.
Слични новости
Моделите на „Тесла“ на удар откако Кина забрани сокриени кваки на вратите на автомобилите
Освен „Тесла“, скриени кваки користат и многу други производители на возила на алтернативна енергија, така што новите прописи ќе имаат големо влијание на пазарот во Кина, а веројатно и ширум светот.
Трговска спогодба вредна 500 милијарди евра, Индија ги отвара вратите за американски стоки
Трамп наведе дека Индија се согласила да купува американски стоки на многу повисоко ниво, вклучувајќи енергија, јаглен, технологија и други производи во вредност од 500 милијарди долари.
Европските индекси денеска во плус, раст на цената на златото и среброто
Европските берзански индекси денеска се во плус, а цените на златото и среброто повторно растат по краткорочниот драматичен пад на цената на благородните метали.