Бугарската фондација „Македонија“ најави дека во недела ќе организира двочасовна блокада на граничните премини меѓу Бугарија и Македонија. Според организаторите, протестот ќе се одржи на премините Деве Баир, Делчево и Ново Село.

Повод за акцијата е инцидентот пред Бугарската амбасада во Скопје, каде беа запалени две возила со дипломатски таблички.

Осомничениот за случајот е приведен, а инцидентот беше осуден од властите во двете земји.

Од фондацијата соопштија дека целта на блокадата е да се испрати политичка порака, а не трајно да се попречува движењето на граѓаните.

Во наредните денови се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за можните последици врз граничниот сообраќај.

 

Слични новости

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Собранието ќе одлучува за продолжување на кризната состојба – Владата предложи мерката да трае до 20 октомври

Пратениците денеска ќе расправаат за Предлог одлуката за продолжување на кризната состојба поради можни нарушувања во снабдување со нафта и нафтени деривати. Според предлогот на Владата, мерката треба да важи од 21 јули до 20 октомври.