Пеп Гвардиола трет пат по ред е елиминиран од Реал Мадрид во Лигата на шампионите. Сити синоќа беше поразен со 1:2 на домашен терен, откако загуби со 3:0 и во Мадрид. Сити остана со 10-мина играчи откако Бернардо Силва во 20-тата минута направи пенал и доби црвен картон што беше решавачко за натпреварот.

Иако многумина веруваат дека ова му е последна сезона на Гвардиола на клупата на Манчестер тој на прес конференција изјави дека неговиот договор истекува во 2027.

Гвардиола изјави дека неговиот тим има голем потенцијал за во иднина. „Шерки никогаш не играл Лига на шампиони. Семењео исто така. Хусанов допрва стаса на големата сцена. Овој ти има страшен потенцијал и верувам дека ќе растеме од година во година“ порача Гвардиола.

Слични новости

Крај на кариерата на Линдзи Вон

Последните информации се дека таа ја скршила левата нога врз која и е извршена операција. Само два месеци пред почетокот на Олимписките игри Линдзи Вон ги скина предните вкрстени лигаменти на десното колено