Манчестер сити синоќа загуби со 3:0 на гостувањето кај Реал Мадрид во осмина финалниот меч од Лигата на шампионите, со блескава партија на Валверде кој ги постигна сите три гола за Реал. Менаџерот на Сити Гвардиола, според мислењето на стручњаците го промаши составот и тактиката на натпреварот.

Тој изјави дека „Реал има квалитет и способност да ја казни секоја грешка. Сепак, мислам дека одигравме подобро од она што го покажува резултатот. Ќе го изгледам уште еднаш натпреварот, и веројатно нема да ми се допадне“ изјави Гвардиола.

Шпанскиот тренер призна дека ќе биде тешко да се надоместат три гола разлика против Реал Мадрид, но дека неговиот тим пред сопствените навивачи, ќе се обиде, да ја надомести големата предност на Реал. 

Слични новости

Денвер до шеста победа во низа, Оклахома пресилна за Њујорк

Денвер до шеста победа во низа, Оклахома пресилна за Њујорк

Поџемски со по 23 коша.
Во дербито на денот шампионот Оклахома ги победи Њујорк Никс со 111:100. ШГА постигна 30 коша, а Џејлен Вилијамс се врати по повредата и даде 22 коша за Оклахома која победи на 14 од последните 15 мечеви.