Дебатата во Генералното собрание на ОН стартува од денеска до 28 септември , а светските лидери ќе дискутираат за глобалните предизвици и приоритети под темата „Обнова на довербата, управување со трансформацијата: Обединети нации што им служат на сите“.
Околу 130 шефови на држави и влади лично ќе присуствуваат во седиштето на светската организација во Њујорк за да ја испратат својата порака до светот.
Светските лидери оваа недела се собираат во обединетите нации, соочени со нови стравувања дека неконтролираната вештачка интелигенција би можела да го загрози човештвото, токму во време кога климатските шокови и растот на цените веќе го отежнуваат животот на стотици милиони луѓе.
Годишниот собир на високо ниво во рамките на Генералното Собрание на ОН ќе биде фокусиран и на големите конфликти во Иран, Газа, Украина, Судан, Конго и Мјанмар.
Слични новости
Иранците погодија танкер со повеќе ракетни проектили северно од Катар
Потврдено е дека танкерот бил погоден со повеќе проектили, а пријавено е и дека има голем број на повредени. Властите на Катар покренаа истрага за нападот во нивните територијални води.
Пентагон подготвува нови напади врз Иран, а на мета ќе бидат енергетските постројки и нуклеарните објекти
Инструкциите на Пентагон не содржат конкретен датум за почетокот на нападите, а американскиот претседател Доналд Трамп сеуште нема донесено конечна одлука.
Три години војна во Газа
Пред три години почна војната во Газа, предизвикана од нападот на Хамас врз Израел. Епилогот е што околу два милиони жители на Газа се и натаму раселени, а многумина живеат во шатори меѓу урнатините.


