Денеска започнуваат разговорите за реконструкција на владата. Коалициските партнери седнуваат на маса, согласни дека има потреба од реформи и освежување.

Пред два дена на 36-годишнината на ВМРО-ДПМНЕ, лидерот на партијата и премиер Христијан Мицкоски порача дека не е задоволен од работата на дел од функционерите. 

Кој ќе остане, а кој ќе си замине од Владата, би можело да стане појасно веќе во наредните денови. Во Петок и сабота ќе има средби на ВМРО-ДПМНЕ со Вреди и ЗНАМ.

Опозицијата ја критикува владата дека нема да има реална реконструкција, туку само козметички промени, а владата ќе ја продолжи истата политика на сиромаштија и изолација.

Слични новости

Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2

Обвинителството ќе ја анализира пресудата па ќе донесе одлука дали да ја обжали пресудата за Талир 2

Јавното обвинителство ќе донесе одлука дали ќе ја обжали ослободителната пресуда во предметот „Талир 2“ откако ќе ја добие и анализира писмено изработената пресуда и нејзиното образложение, изјави денеска државниот јавен обвинител Ненад Савески.

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

СДСМ обвини дека Македонија не е правна држава туку систем во кој Мицкоски одлучува кој е над законот

Портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на денешната прес конференција обвини дека Македонија не е правна држава, туку контролиран систем во кој Христијан Мицкоски одлучува кој ќе биде над законот, а кој ќе биде прогонуван.