Цените на нафтата денеска стигнаа до 118 долари по барел, поради пореметувањата во снабдувањето, пренесува Трејдинг економикс. Цената на нафтата Брент премина 118 долари по барел, и за прв пат е повисока од 100 долари по барел од почетокот на војната во Украина во 2022.
Фјучерсите на сировата нафта денеска пораснаа за дури 31 насто, поради намалување на производството од главните производители на Блискиот исток и пореметувања во транспортот поради затвореноста на Ормутскиот теснец.
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека поскапувањето на нафтата, предизвикано од војната во Иран, е мала цена која треба да се плати за безбедноста и мирот во светот.
„Краткорочните цени на нафтата кои бргу ќе паднат кога ќе се заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана, се мала цена која треба да се плати за мирот и безбедноста“ изјави Трамп.
Доколку до крајот на март не биде отворен Ормустскиот теснец, цената на нафтата ќе скокне на 150 долари, предвидуваат аналитичарите.
Во Ирак производството на нафта падна за 70 насто, а од саботата и Кувајт го намали производството на нафта, прогласувајќи „виша сила“.
Слични новости
Луфтханза укинува 20 000 летови поради скапиот керозин
Во план е да бидат укинати 20.000 кратки летови, што е промена во стратегијата на германскиот превозник, кој дополнително се бори со непрофитабилните рути и последиците од штрајковите.
Трамп еднострано го продолжи примирјето со Иран
Американскиот претседател Доналд Трамп направи нагла промена во својата политика кон Иран, откако неколку часа пред истекот на примирјето меѓу двете земји објави дека еднострано го продолжува.
Фоклксваген драстично го намалува производството: Капацитетот се налаува за уште милион возила
Генералниот директор на Фолксваген Оливер Блуме најави значајно намалување на прозиводните капацитети на компанија за уште милион возила, откако призна дека претходните планови за продажба станале нереални во актуелните пазарни околности.


