Цените на нафтата денеска стигнаа до 118 долари по барел, поради пореметувањата во снабдувањето, пренесува Трејдинг економикс. Цената на нафтата Брент премина 118 долари по барел, и  за прв пат е повисока од 100 долари по барел од почетокот на војната во Украина во 2022.

Фјучерсите на сировата нафта денеска пораснаа за дури 31 насто, поради намалување на производството од главните производители на Блискиот исток и пореметувања во транспортот поради затвореноста на Ормутскиот теснец.

Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека поскапувањето на нафтата, предизвикано од војната во Иран, е мала цена која треба да се плати за безбедноста и мирот во светот.

 

 

„Краткорочните цени на нафтата кои бргу ќе паднат кога ќе се заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана, се мала цена која треба да се плати за мирот и безбедноста“ изјави Трамп.

Доколку до крајот на март не биде отворен Ормустскиот теснец, цената на нафтата ќе скокне на 150 долари, предвидуваат аналитичарите.

Во Ирак производството на нафта падна за 70 насто, а од саботата и Кувајт го намали производството на нафта, прогласувајќи „виша сила“.

 

Слични новости

Блискиот исток на раб на целосна војна, нови напади и жртви утрово

Израелските одбранбени сили утрово извршија нов бран воздушни напади врз главниот град Техеран. Сведоци известуваат за силни експлозии и чад над градот, додека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху вети дека нападите ќе се интензивираат во наредните денови.

Златото повторно урива рекорди

Според најновите податоци на берзите, цената на златото достигна 4.594 евра за една унца, или 147 евра за еден грам 24 каратно злато.