Цените на нафтата денеска стигнаа до 118 долари по барел, поради пореметувањата во снабдувањето, пренесува Трејдинг економикс. Цената на нафтата Брент премина 118 долари по барел, и за прв пат е повисока од 100 долари по барел од почетокот на војната во Украина во 2022.
Фјучерсите на сировата нафта денеска пораснаа за дури 31 насто, поради намалување на производството од главните производители на Блискиот исток и пореметувања во транспортот поради затвореноста на Ормутскиот теснец.
Претседателот на САД Доналд Трамп денеска изјави дека поскапувањето на нафтата, предизвикано од војната во Иран, е мала цена која треба да се плати за безбедноста и мирот во светот.
„Краткорочните цени на нафтата кои бргу ќе паднат кога ќе се заврши уништувањето на иранската нуклеарна закана, се мала цена која треба да се плати за мирот и безбедноста“ изјави Трамп.
Доколку до крајот на март не биде отворен Ормустскиот теснец, цената на нафтата ќе скокне на 150 долари, предвидуваат аналитичарите.
Во Ирак производството на нафта падна за 70 насто, а од саботата и Кувајт го намали производството на нафта, прогласувајќи „виша сила“.
Слични новости
ОПЕК + го зголемува производството на нафта
Клучните производители, предводени од Саудиска Арабија и Русија, се согласија да ги зголемат своите мајски производствени цели за околу 206.000 барели дневно.
Цената на нафтата стабилизирана на 110 долари за барел
Цената на нафтата утрово се стабилизира на околу 110 долари за барел како резултат на извештаите дека се преговара примирје од 45 дена.
Од полноќ дизелот поскапува на 98 денари, а еуросуперот БС-95 поевтинува на 83,5 денари
Во формирањето на новите цени влијание имале одлуките на Владата за намалување на акцизите и за повластената даночна стапка за одредени енергенти.


