Во Клубот на пратениците почна лидерската средба што ја иницираше премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Претседателот на СДСМ и лидер на опозицијата Венко Филипче, го одби повикот на Мицкоски и не дојде на средбата.

 Покрај Мицкоски, од коалициските партнери во Владата присуствуваат и ЗНАМ претставено од генералниот секретар и министер за јавна администрација Горан Минчев, како и градоначалникот на Тетово, Биљал Касами од коалицијата ВРЕДИ. Од опозициските пратенички групи присутни се лидерите на Левица и на ДУИ, Димитар Апасиев и Али Ахмети.

 

Како што е најавено, на лидерската средба се разговара за предлогот за укинување на техничката влада, за реформските закони од правосудството, за изборот на народен правобранител и за Изборниот законик.

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче го одби повикот за лидерска средба за укинување на техничката влада, обвинувајќи дека Мицкоски „бара алиби за распишување предвремени избори“.

Според Филипчe, техничката влада мора да остане зашто била гарант за фер избори и контролен механизам за да се спречи злупотреба на институциите.

Слични новости

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Панчевски најави кривична пријава за членовите на Советот на обвинители, откако беше дисквалификуван за функцијата Јавен обвинител

Откако не влезе во трката за Државен јавен обвинител и не доби зелено светло од Советот на јавни обвинители, кандидатот Владимир Панчевски, преку соопштение на Фејсбук напиша дека ќе им поднесе кривична пријава за злоупотреба на службена положба на членовите на Советот.