Во германската авиокомпанија Луфтханза денеска започна дводневен штрајк на пилотите кој би можел да добведе до околу 300 откажувања на летови дневно, а најголемите пореметувања во воздушниот сообраќај се очекуваат во Минхен и Франкфурт.

Во штрајкот учествуваат повеќе од 5.000 пилоти на компанијата Луфтханза. Пилотите бараат зголемување на платите и пензиите.

Синдикатот на пилотите најави дека штрајкот овој пат ќе биде покус отколку минатиот месец. Директорот за човечки ресурси во Луфтханза оцени дека новиот штрајк претставува непотребна ескалација во преговорите со синдикатите.

Слични новости

Леви Штраус ги надмина очекувањата од добивка

Компанијата Леви Штраус ги објави приходите и профитот во четвртиот квартал кои ги надминаа очекувањата на Волстрит. По објавената добивка на Левис, акциите на компанијата пораснаа за два насто.