Напаѓачот на Тенерифе, Хезус де Мигел (30) почина претпладнево по тешката повреда што ја здоби за време на натпреварот против Андора во шпанската Сегунда. Трагичната вест ја потврди неговиот клуб.
На натпреварот меѓу Тенерифе и Андора дојде до стравичен судир меѓу Де Мигел и гостинскиот голман, Хезус Овон од Екваторијална Гвинеја, по што фудбалерот на Тенерифе веднаш беше префрлен во болница.
Тенерифе првично објави дека неговата невролошка состојба се влошила, за утрово да ја објави и трагичната вест.
Слични новости
Фудбалерот на Манчестер јунајтед Бруно Фернандеш прогласен за најдобар играч на Премиер лигата
Фернандеш минатата сезона го собори рекордот на Премиер лигата со дури 21 асистенција, а постигна и девет гола, со што му помогна на јунајтед да го освои третото место и да се врати во Лигата на шампионите.
