Томи Де Карло, фронтменот на американскиот рок-бенд Бостон, почина на 60-годишна возраст, од рак на мозокот. Музичарот почина само шест месеци откако му беше дијагностицирана болеста, а семејството ја потврди неговата смрт на социјалните мрежи.

 Томи беше главен вокалист на рокенрол групата Бостон, на која ѝ се придружи во 2007 година откако оригиналниот водечки пејач на бендот, Бред Делп, си го одзеде животот на 55 години.

Томи работеше во Хоум Депо кога доби повик од основачот на Бостон, Том Шолц, кој го покани да им се придружи на турнејата.

Некои од хитовите на бендот се „More Than a Feeling“, „Amanda“ и „Peace Of Mind“.

 

Слични новости

Брус Спрингстин ја објави „Streets of Minneapolis“, песна за убиените Алекс Прети и Рене Гуд

Рок иконата Брус Спрингстин објави протестна песна со наслов „Streets of Minneapolis“, која им ја посвети на жителите на Миннеаполис, како и на Алекс Прети и Рене Гуд, кои овој месец беа убиени од федерални агенти.